| четврток, 6 декември 2018 |

Во Канада падна првиот снег!

Во западната канадска покраина Алберта, во петокот неочекувано падна првиот снег, според Националната метеоролошката служба, според која снежните врнежи се регистрирани во планинскиот регион во јужните области близу Калгари, најголемиот град во покраината, пренесува Макфакс.
„Причината за снежните врнежи се ледениот фронт во планините, каде што беа почувствувани вистински зимски временски услови“, изјави претставникот на службата, Бил Макмерти, пренесува „Си-Би-Се њус“.

Снежните врнежи продолжиле до ноќта кон саботата, и за тој период наврнале до 118 милиметри. Притоа, температурата на воздухот од 20 Целзиусови степени нагло паднала до 2 до 5 степени, а во самиот град Калгари паѓало дожд. Метеоролозите, исто така, не исклучуваат дека следните денови зимските услови може да ги зафатат и соседните покраини Саскачеван и Манитоба, бидејќи циклонот се движи кон исток.

Минатата година првиот снег во Алберта, исто така, падна неочекувано рано, на почетокот од септември. Тогаш метеоролозите објавија дека раното настапување на зимаа не е типично за овој регион, иако во историјата на метеоролошките мерења биле забележани слични појави.

„Вообичаено првите снежни врнежи во Алберта се кон крајот на октомври. На пример, во 2013 година, тоа се случи на 27-ми октомври, а во 2012 година на 20-ти истиот месец“, прецизира во соопштението канадската метеоролошка служба.

Најобилните снежни врнежи во почетокот на септември во овој регион бил регистриран на 8 септември 1921 година, кога во Калгари наврнале 12 сантиметри снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top