| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордно намалување на бензините во последните 6 години – дизелот под 50 денари

бензин
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за три денари за литар, а дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство за два денари, реши денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно одлуката, новата цена на евросупер БС-95 ќе изнесува 64 ден/лит, а евросупер БС-98 ќе се продава по цена од 66,00 ден/лит. Новата цена на евродизелот ќе биде 49 ден/лит, а на екстра-лесното масло за домаќинство 37,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега ќе изнесува 20,76 ден/кг.

Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.
4325345

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top