Владата интензивно инвестира во изградба на спортска инфраструктура, но и во поддршка на младите спортисти.
Премиерот Никола Груевски потенцира дека освен што Владата инвестира во изградба на игралишта, таа финансиски помага и талентирани млади спортисти.
-Веќе 5-6 години ние секоја година стипендираме по 500 млади спортски надежи на возраст до 20 години. Стипендирањето е 20 посто од просечна плата, околу 4200 денари. Истото се одвива по пат на соработка со федерациите. Секоја федерација има одредена бројка која ја предлага до Владата за најталентирани спортисти кои треба да се финансираат и помогнат. Досега во изминативе години се финансирани околу 2 милиони евра во стипендирање на млади спортски надежи. Освен тоа што градиме многу спортски сали, фудбалски терени, 100 мали фудбалски игралишта, повеќенаменски, 120 тениски игралишта, тоа е инфраструктура. Освен делот на инфраструктурата, даваме и средства за поддршка за најталентираните во Македонија, рече премиерот.
Сите податоци ќе бидат соберени до крајот на месец август, а потоа ќе почне исплаќањето на стипендиите за новата сезона септември-јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст