Одделението на Обединетите нации задолжено за економски и социјални прашања неодамна објавило податоци за светската популација, како и тоа во кои земји доминираат мажите, односно жените.
Во топ десет земји во кои преовладуваат жените се најдоа: Мартиник, Летонија, Латвија, Курасао, Гваделупе, Украина, Ерменија, Русија, Белорусија и Естонија.
Од друга страна, во десетте земји во кои преовладуваат мажите се :Обединетите Арапски Емирати, Катар, Оман, Бахреин, Саудиска Арабија, Кувајт, Бутан, Западна Сахара, Индија и Авганистан.
Кога се гледа по регионите, жените доминираат во Источна Европа, додека повеќе мажи има на Блискиот Исток и во некои делови во Азија. Овој однос е резултат на воените конфликти и културолошките влијанија.
На пример, Русија претрпела големи загуби на мажи во Втората светска војна и 1950 година во земјата имало само 76.6 мажи на 100 жени. Тој број со време растел и достигнал кулминација во 1995 година, од кога почнал повторно на опаѓа, па сега се 86.8 мажи на 100 жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.