Најмалку 7.000 бегалци – мажи, жени и деца, влегле ноќта меѓу саботата и неделата од Македонија во Србија, соопшти УНХЦР, додавајќи дека очекуваат и поголем број eмигранти.
УНХЦР истекнува дека од македонските власти добиле уверување дека „границата ќе биде отворена за бегалци што бегаат од судири во државите од кои потекнуваат“.
На српската граница, УНХЦР соработува со локалните власти и хуманитарни организации за да се обезбеди сместување и храна за тие што пристигнуваат, се вели во соопштение.
Истовремено, Меѓународната федерација на Црвениот крст и на Црвената полумесечина повикаа на „поголема поддршка за емигрантите што влегуваат во Европа преку Западен Балкан“.
– Неопходно е повисоко ниво на соработка и заеднички напори за да се одговори на хуманитарните потреби на загрозените – се вели во соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.