Понеделник ќе биде претежно ведар августовски ден, вели прогнозата на „Метеопро“. Овој ден ќе помине во мирно време, речиси без ветер.Температурата ќе биде нешто повисока за разлика од недела и ќе достигне максимум околу 31°С во повардарскиот регион, до 27°С во охридско-преспанскиот крај и околу 29°С во пелагониската котлина. Повисоките места во источниот крај очекуваат максимална до 27°С.
Во Скопје и околината се очекува сончево и тивко време, а максималната температура ќе има вредност околу 31°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.