Во изминатото деноноќие издадени се потврди на вкупно 1.210 странски државјани, од кои 1.015 се од машки пол, 185 се од женски, 227 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 10 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил,информира МВР.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.023, Ирак-66, Бангладеж–41, Пакистан-33, додека другите се во помал број.
– Во текот на денот не се регистрирани никакви посериозни инциденти, иако од страна на соседна Р. Грција, без никаква контрола, илегални мигранти се уште вршат притисок за влез во земјава, соопшти МВР.
Во изминатите пет ддена издадени се потврди на вкупно 43.631 странски државјани, од кои, 30.336 се од машки пол, 6.089 се од женски, 6.945 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 641 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Најглем дел од нив 35.369 се државјани на Сирија, потоа следат од Авганистан-2.082, Ирак-2.056, Пакистан-1.241, Сомалија-564, Палестина-560, Конго-305, Бангладеж-292, Нигерија-158, Камерун-146, Еритреја-140, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти



