| четврток, 6 декември 2018 |

Британецот Фарах ја одбрани светската титула

фарах 

Британскиот атлетичар Мохамед Фарах ја одбрани светската титула во трката на 10.000 метри на Светското првенство што се одржува во Пекинг. Тој патеката ја истрча за 27:01.13 минути и зад себе ги остави атлетичарите од Кенија Џефри Кипсанг Камворор (втор) и Пол Таниу (трет).

Во втората дисциплина во која се делеа медали во фрлање ѓуле кај жените победи Германката Кристина Швајнц, која имаше должина од 20:37 метри или за седум сантиметри подобро фрлање од домашната натпреварувачка Лијиао Гонг од Кина. Бронзениот медал го освои Мишел Картер.

Во првата денешна дисциплина во машкиот маратон победи Гебреселасие од Еритреја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top