| четврток, 6 декември 2018 |

Во недела се враќаме на топлото време

сонцеНедела ќе биде ден со умерена облачност, но без врнежи. Според Метеопро во вечерните часови облачноста ќе се намали, со што вечерта ќе биде релативно ведра.

Максималната температура која што ја очекуваме долж повардарието ќе има вредност од 28 до 30 целзиусови степени. Посвежо ќе биде во југозападниот крај, каде највисоката дневна температура нема да надмине 27°С.

Во Скопје и околината максималната температура ќе има вредност околу 28°С. Во текот на денот се очекува генерално сончево време со умерена облачност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top