
Очекувајќи голем бран на имигранти, земјата членка на Европската унија – Чешка се подготвува за испраќање на војници на своите граници.
Чешките власти сериозно се подготвуваат, во случај на вондредна состојба, да испратат војска на граница со цел да се сопре упад на имигрантите кои веќе „го блокираа“ Балканот.
Оваа информација вчера ја потврди чешкиот министер за одбрана, Мартин Стропницки истакнувајќи дека планот опфаќа испраќање на 2600 војници на чешките граници.

„Министерството за одбрана е подготвено да испрати 2600 војници за заштита на границите од недокументираните имигранти во случај граничната полиција да го побара тоа“, изјави Стропоницки.
Поради сè поголемиот број на имигранти кои што пристигнуваат во Западна Европа, чешките власти го подигнаа нивото на подготвеност на повисок степен.
Чешка не е единствената земја која што на сличен начин се подготвува за бранот на имигранти. Голем број на европски земји ги превземаат истите мерки, Англичаните се закануваат со блокирање на тунелот под Ла Манш, Турција најави изградба на ѕид, а Унгарија веќе го гради ѕидот на границата со Србија.
Во меѓувреме Македонија сè потешко се справува со бранот на имигранти кои имаат намера преку нашата земја да стигнат до Србија, а од таму да го продолжат патот кон Европа. Во текот на вчерашниот ден поголемите европски медиуми и невладини организации го тргнаа на страна инцидентот кај Гевгелија кога беше прободен полицаец со нож и на големо известуваа за шок бомбите кои ги употребуваа припадницте на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


