| четврток, 6 декември 2018 |

Какви чевли сакаат да носат жените во различни земји

Австралиската фирма „Шус оф преј“ направи истражување за тоа кои чевли се најпопуларни во различни земји низ светот. Погледнете ги резултатите.

cevli-1

Генерално, најпопуларни чевли низ светот, се класичните црни салонки направени од мека кожа со потпетица од 11,4 сантиметри. Проверете кои чевли се популарни во одделни земји.

Австралија

cevli-avstralija
Најпопуларни се сандалите и тие можат да бидат со висока потпетица или рамни. Станува збор за отворени сандали со ремче кое може да биде вкрстено или наједноставно на глуждот. Најпродавани се кожените сандалите со кафена (кожа) боја или со темен леопард принт. Кога се бараат со висока потпетица, тогаш тоа е потпетица од 11,4 сантиметри.

Нов Зеланд

cevli-nov-zeland
Тука најпопуларни се кратките чизмички со отворени кај прстите, но како и жителките на Австралија популарни се и сандалите. Цветните принтови се најбарани во Нов Зеланд.

Америка
Американските најмногу купуваат салонки (затворени) со ремче и потпетица од 11,4 сантиметри. За разлика од жените во другите земји, овие ги сакаат сатенските чевли, а многу барани се и чевлите со весници-принт, но и светкавите сребрени чевли.

Мексико
cevli-Mexico
Мексиканките лудуваат по чевли со висока плута, на висока платформа. Од материјалите за изработка на чевли најпопуларни се металик кожата и памукот. Не ги сакаат неутралните бои како кожа бојата, а ги сакаат црвените и сребрените бои.

Канада
cevli-Canada
Ги сакаат чевлите на мала потпетица од 2,3 сантиметри, а доколку купуваат на висока потпетица таа е 7 сантиметри. Најпопуларни тука се оксфорд чевлите, и тоа што пошарени. Најпродавани се црвените чевли.

Велика Британија
cevli-BritainОбожаваат чевли со висока потпетица од 11, 4 сантиметри, а чевлите најчесто се светкави. Најпродавани се чевлите со сребрени светки, а по нив со златни светки и црвените чевли. Најчесто се отворени кај петицата.

Ирска
cevi-Ireland
Можеби бидејќи често е врнежливо, жителките на Ирска купуваат затворени кај прстите чевли. Што повисока потпетица – толку попродавани, најчесто се бараат потпетици со вртоглави 14,8 сантиметри. Ги сакаат чевлите со принт и свилените материјали, а од боите – розова и бела.

Франција
cevli-France
Фрацузинките ја сакаат класиката, ја сакаат и кожата, сакаат нежни бои, пастелни, отворени или затворени кај прстите, со потпетица од 8,6 сантиметри.

Германија
cevli-Germany
За разлика од нежните чевли на нозете на Французинките, Германите преферираат погруби модели, најчесто на платформа или на дебела потпетица. Не сакаат принтови, ниту свила ни светки, а чевлите често личат на кратки чизмички до глуждовите. Најчесто се о мека кожа во неутрална боја.

Јапонија
cevli-Japan
Изгледа дека во Јапонија поминуваат секакви чевли, само не со весник-принт. Најчесто се во црна боја, боја на кожа или бели, не сакаат чевли на платформа туку понежни модели на потпетица од 7 сантиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top