| четврток, 6 декември 2018 |

Поради чудна миризба принудно слетал авион Боинг 767

boing

Авион “Боинг” 767 на компанијата Air Canada изврши принудно слетување на аеродромот во Белфаст, соопшти телевизија CTV.  Авионот во кој имало 200 лица патници и членови на екипажот, пилотирал од Амстердам до Торонто.

Никој не бил повреден при слетувањето. Според претставник на меѓународниот аеродром во Белфаст командантот на летот донел одлука да ја слета машината принудно откако од кујната почнала да се шири „чудна миризба”. По слетувањето екипажот и специјални тимови од аеродромот го проверуваат авионот за дефекти и проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top