| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска ќе се „соголи“ во „Горка вистина“

blagica pavlovska

Расказ за искуствата, тагата, среќата, успесите и падовите во животот на фолкерката Благица Павловска,  – наскоро ќе биде објавена нејзината автобиографија со наслов „Горка вистина“.

Освен што целиот живот е посветена на музиката и пеењето, Благица најави дека е во обид да го раскаже својот живот на хартија, а тоа да биде достапно и за пошироката јавност.

-Многу работи поминав во животот. Сакам да ги споделам со публиката. Поради тоа ќе напишам автобиографија во која ќе има делови и за кариерата, но и за приватноста, изјавува Благица

На социјалните мрежи периодов таа е доста активна во објавување ретро фотографии, според кои претпоставуваме дека полесно евоцира спомени за пишувањето.

До кое животно поглевје стигнала не знаме, но очекуваме наскоро да ја дознаеме горката вистина за легендарната фолкерка Благица Павловска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top