| четврток, 6 декември 2018 |

Турција спречи над 400 имигранти со бродови да стигнат до Грција

migranti grcija
Турската полиција задржа 435 имигранти, во најголем број Сиријци, што сакале од северозападна Турција со брод да стигнат до грчкиот остров Митилини, јави Анадолија.

Тројца осомничени турски посредници се приведени од полицијата и ќе бидат изнесени пред суд. Согласно турското законодавство тие може да добија казна затвор до осум години.

Од приведените имигранти 345 биле од Сирија, 64 од Авганистан, 19 од Бурма и седум од Пакистан. Меѓу нив имало жени и деца.

Полицијата во операцијата запленила четири бродови и голем број спасувачки елеци.

Имигрантите се пренесени во бегалски камп. Тие може да добијат казна од 700 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top