
Според последните податоци на МВР, од вчера наутро до денеска границата кон Македонија ја поминале 163 деца мигранти. Фрапантен е податокот што дури 25 дечиња од Грција биле пуштени кон Македонија без придружба на родител.
Зошто Грција не им помогнала на овие деца и како тие сами дошле до граница? Нашиот јужен сосед со крајно нехуман потег дејствува на прашањето за мигрантите.
Мигрантите сведочат дека грчките власти организирано ги носат нив на границата кон Македонија.
Македонија по ова прашање стриктно ги спроведува законите. На мигрантите им се даваат потврди, се пренесуваат со возови, им се доделува храна, вода, средства за хигиена.
Очекувано, опозициската партија на оваа чувствителна, но и загрижувачка тема, реши да тера пропагандна политика.
Додека полицијата и војската вложуваат максимални напори да се справат со состојбата, потпретседателката на СДСМ Ременски дава изјава на границата, што е класична злоупотреба на ваквата состојба во која се наоѓа Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


