| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарите на Борац ограбени на турнирот во Добој

vardar-kielce-13

За време на натпреварот меѓу Саудиска Арабија и Борац Бања Лука од последното коло во групната фаза на ракометниот турнир во Добој непознати лица влегоа во соблекувалната на ракометарите на Борац и украле вредни лични работи, спортска опрема, но и пасоши на играчите.

Според објавата на организаторот, ова е прв таков случај во пеесетгодишната историја на овој традиционален турнир. Револтирани, ракометарите на Борац Бања Лука го напуштија турнирот, па средбата за седмото место нема да се одигра.

Како што е познато, следната недела Борац и гостува на екипата на Татран Прешов, во рамките на СЕХА-лигата, па украдените пасоши можат да бидат голем проблем за претставникот на БиХ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top