| четврток, 6 декември 2018 |

Напаѓачот од францускиот воз идентификуван како исламски милитант

france

Напаѓачот совладан од патници на  возот Талис на линијата меѓу Париз и Амстердам бил познат на европските власти како осомничен исламски милитант.

За напаѓачот што отвори оган во брз воз на релацијата Амстердам-Париз постои сомнеж дека е припадник на „радикално исламско движење“, како и дека пред нападот патувал за Сирија.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека неговиот идентитет не е потврден, но дека станува збор за 26-годишен Мароканец, забележан од шпанските власти, по што биле предупредени француските разузнавачки служби.

Казнев нагласи дека идентитетот на осомничениот не е потврден и дека францускиот обвинител за антитероризам го истражува инцидентот, но дека мотивите на напаѓачот се уште не се познати.

– Доколку идентитетот биде потврден, станува збор за 26-годишен маж од мароканско потекло, забележан од шпанските власти, кои ги информирале француските разузнавачки служби во февруари 2014 година поради неговите врски со радикално исламистичко движење, изјави Казнев.

Белгиското обвинителство отвори официјална антитерористичка истрага, бидејќи напаѓачот во брзиот воз на релација Амстердам-Париз се качил во Брисел.

– Отворивме истрага во согласност со законските борби против тероризам, бидејќи осомничениот се качил на возот во Брисел, потврди Ерик ван дер Сјпт. портпарол на канцеларијата на обвинителот.

Напаѓачот во брзиот воз „Талис“, што патувал на релација од Амстердам за Париз, престојувал во Сирија, соопшти денеска претставник на шпанските сили за безбедност.

Според изворот, близок до шпанските сили за борба против тероризмот, мажот живеел во шпанскиот град Алхесирас, во провинцијата Андалузија, една година до 2014, по што се преселил во Франција од каде заминал за Сирија и потоа пак се вратил во Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top