| четврток, 6 декември 2018 |

ФОТО: Полицијата и војската им помагаат на илегалните мигранти

vodaaa33

Полицијата и армијата и денес се на терен и работат на пропуштањето на мигрантите кои чекаат да влезат во земјава продолжува организирано во групи до железничката станица во Гевгелија. Голем број службени лица се ангажирани да го чуваат редот и да спречуваат масовни и неконтролирани преминувања на мигрантите кои во голем број надојдоа од територијата на Грција, од време на време ги спуштаат штитовите за да им помогнат на изнемоштените да добијат соодветна лекарска помош.

vvodaaa

Припадниците на специјалните полициски сили и на армијата им поделуваа вода на мигрантите, а им помагаат и на мајките со деца и на бремените жени.

vodaa22

Состојбата на границата со Грција е под контрола. Од македонска страна, како што информираат од полицијата се пропуштаат одреден број мигранти кои чекаат на границата согласно капацитетите на државата. Предност имаат поранливите категории. На дивиот граничен премин од грчката страна се уште има поголема група мигранти.

vodamigrantii

 

pomosmigranttii

На социјалните мрежи се споделува фотографијата на Игор Бансколиев објавена во весникот Нова Македонија, на која полицаец кој му дава шише вода на дете на границата.

nasl[153][1]

„При нашето доаѓање до бегалскиот камп, вниманието ни го привлече дете на двегодишна возраст. Стоеше покрај полицаец и срамежливо погледнуваше во него. Нашиот полицаец го виде тоа и забележа дека детето всушност гледа во неговото шише со вода. Без размислување, полицаецот со голема нежност во своите движења, за да не го исплаши детето, и со насмевка во очите клекна до него, го отвори шишето и му го подаде на детето, гушкајќи го. Со големи голтки тоа отпиваше од течноста. Се виде дека тоа не беше режирано, ниту наметнато или наредено. Не беше ниту инцидентно. Се разбира дека нашиот млад полицаец во очите на тоа дете можеби ја видел солзата на својот син или ќерка“, пишува Нова Македонија.

Полицијата и војската е распоредена и го обезбедува пограничниот регион во Гевгелија каде има наплив на мигранти. Според информациите од полицијата состојбата е тензична, но нема проблеми.

Мигрантите се пропушаат согласно капацитетите на државата со предност на поранливите категории, а во последните 24 часа, односно од осум часот вчера до осум часот утрово издадени се потврди на 826 странски државјани меѓу кои 163 деца и на 25 деца кои што патувале без родител.

Мигрантите пристигнуваат од Грција од каде огранизирано се пренесуваат до Табановци. Најчесто мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top