| четврток, 6 декември 2018 |

Италија спроведува акција за спасување на 3.000 бегалци од 18 чамци во опасност

емигрантиИталијанската крајбрежна стража денеска соопшти дека координира акција за спасување на околу 3.000 бегалци во водите во близина на Либија, откако примила повик за помош на 18 преполни чамци.

Најмалку седум бродови учествуваат во операција за спасување на бегалци од 14 гумени чамци и четири други пловни објекти, на кои се наоѓаат меѓу 2.000 и 3.000 лица.

Според податоците на високиот комесаријат на ОН за бегалци, 250.000 лица годинава стигнале до Европа по морски пат, од кои 124.000 во Грција и 98.000 во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top