| четврток, 6 декември 2018 |

УНХЦР подготвен да помогне за мигрантите

migranti-ranecВисокиот комесаријат за бегалци денеска преку соопштение изрази подготвеност да обезбеди помош на владите на Македонија и на Грција за справување со ситуацијата со мигрантите на грчко-македонската граница.

Високиот комесар за бегалци Антонио Гутиерес за ситуацијата телефонски разговарал со министерот за надворешни работи Никола Попоски од кого добил уверување дека границата нема да биде затворена во иднина.

УНХЦР преку соопштение посочувајќи дека има разбирање за притисокот со кој се соочува Македонија и легитимната загриженост за безбедноста на државата, апелира до Владата да воспостави механизми потребни за да се воведе организирано управување со границите кое ќе ја земе предвид заштитата на бегалците.

При тоа се охрабрува Владата да работи со УНХЦР за да воспостави доволен капацитет за прием на мигрантите во земјата, како и нивна организирана регистрација и идентификација. Воедно, се повикуваат и грчките власти да ги зајакнат активностите за регистрација и прием на луѓе на кои им треба меѓународна заштита и да обезбедат итна помош на бегалците заглавени на грчката страна од границата како и да им помогнат да се упатат кон објектите за нивно прифаќање вон граничниот простор.

– УНХЦР е подготвено да обезбеди помош на двете влади за реализација на овие предизвици. Исто така, ги повторуваме претходните апели до ЕУ за зајакнување на поддршката за земјите погодени од движењето на бегалците во југоисточна Европа, вклучувајќи го и имплементирањето на ЕУ Агендата за миграција и зголемен број легални патишта за влез во Европа. Европа мора да работи заедно за да одговори на оваа растечка криза и да им помогне на преоптоварените земји како Грција, Македонија и Србија, порачуваат од УНХЦР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top