| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски и Вучиќ телефонски разговарале за состојбата со напливот на мигранти

migranti-17Премиерот Никола Груевски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Србија, Александар Вучиќ. Двајцата премиери разговараа за начините за справување со регионалниот предизвик на наплив на илегални мигранти, соопшти владината прес-служба.

Груевски и Вучиќ размениле информации кои се во корист за поефикасно менаџирање на постојниот проблем, согласно расположливите капацитети на државите.

Премиерите се договориле да продолжат активно да ги следат состојбите и да преземат мерки и активности за справување со настанатата ситуација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top