| четврток, 6 декември 2018 |

Ова не се пропушта: Голема финална распродажба во „Скопје сити мол“

geox

Шетајќи низ „Скопје сити мол“,  на овие летни горештини тоа што разладува се неверојатно ниските цени на познатата гардероба, обувки, чанти, козметика, накит и сè друго по што секој копнее и го посакува, а може да се најде на едно место.

Тоа што мора да се види овие денови е големата распродажба, која што е во тек, а е за сечиј џеб и вкус.

Во Скопје се следат светските трендови. Реални попусти не само на аутлет-парчиња, туку и на производи од претходната, како и од актуелната сезона.

Не може да се остане рамнодушен на повеќето од 135 светски марки вклучени во оваа голема финална распродажба, која се случува во „Скопје сити мол“.

timberland 2

Реален попуст, сите омилени парчиња сега се достапни до -70% намаление. Задолжително мора да се прошета, види и одбере омиленото парче кое сега е подостапно од било кога.

Производите на Bata, Swarovski, Timberland, Lacoste- Nautica, Adams Shoes, Cotton, Fashion & Friends, Waikiki, Sport Vision и многу други може да се купат по реални и ниски цени.

За каква распродажба станува збор доказ се следните примери: јакна од Timberland која била 9.390 денари, сега е достапна за 3.790 денари или женски сандали од Geox кои биле 9.490 сега се достапни за 4.745 денари.

Во Скопје Сити Мол, освен актуелната голема распродажба, пристигнати се и есенските колекции, така што изборот е многу голем.

Скопје Сити Мол, сѐ што сакам од попусти!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top