| четврток, 6 декември 2018 |

Кадриу: Поволната бизнис-клима е поттик за домашните компании

evro

Бизнис-климата и мерките што ги креира Владата се поволни за водење бизнис во државата, смета сопственикот на „Евроедил холдинг“, компанија која работи во дебарско-реканскиот крај.

– Позитивно е да се отвори еден ваков погон во овој крај особено во сегашни услови од причина што во него се вработени над 20-ина луѓе. Вработените се од нашето село, но има и од соседните села – вели сопственикот Кадри Кадриу, кој вчера се сретна со премиерот Никола Груевски на кого му го презентираше производството и портфолиото на фабриката.

Тој се надева дека наскоро ќе го зголеми бројот на вработени со што ќе им овозможи на одреден број лица да го решат своето животно прашање.

Компанијата е корисник на повеќе владини активни мерки наменети за домашните фирми. Кадриу има инвестирано над 2,5 милиони евра, а во компанијата се произведуваат 30-тина производи од лим кои се пласираат во и надвор од државата. Најчесто користат линии од Европската банка за обнова и развој, а вложуваат и од сопствени извори

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top