| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: Употребивме шок-бомба, а не солзавец!

Македонската полиција на јужната граница со Грција не употребила солзавец, туку шок-бомба за да сопре група емигранти, која се обидувала да го пробие полицискиот кордон, велат од МВР за „Утрински весник“.

Според нив, полицијата на јужната граница со Грција делува согласно одлуката да ја чува и штити својата граница, по препораките од Владата. Силите на АРМ имаат поставено жица на одредени пунктови, кои ги смета за критични точки и се распореди по граничната линија со Грција во деловите каде што влегуваат емигрантите.

„Би-Би-Си“ објави дека полицијата во опрема за разбивање на немири, која стои зад бодликавите живи, испалила солзавец во обид да ги потисне луѓето што сакаат да поминат низ Македонија на пат кон Унгарија и шенгенската зона на ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top