| четврток, 6 декември 2018 |

Судири меѓу емигрантите и полицијата во Германија – повредени 16 лица, од кои 7 полицајци

riotritott

Најмалку 17 луѓе беа повредени во преполнетиот прифатен центар во Сухл во Германија. Група од 20 емигранти нападнаа маж, кој искина страници од Куранот, а потоа му се нафрлија на обезбедувањето, кое се обиде да го одбрани човекот. Сириецот што го нападнал човекот почнал пресметки и со полицајците во кампот.

Повеќе од 50 мажи се вооружиле со метални прачки и почнале да фрлаат камења на чуварите и полицајците. Дел од толпата мигранти извикувале исламистички слогани, кои може да се протолкуваат и како борбени повици.

Во вчерашните насилства мигрантите кршеле автомобили, пустошеле згради и ги уништувале ѕидовите од прифатилиштето.

riotger

Прифатилиштето во Зул, Тирингија, во средишниот дел на Германија, е со капацитет од 1.200 лица, но во него моментално се сместени 1.700.

Германија се бори со масивните толпи кои бараат азил во земјата, а доаѓаат од завојуваните зони, но има и мигранти од мирни земји кои сакаат азил во Германија.4riotger

Ова ги натера германските власти да ги вдомат емигрантите во школите и во импровизирани засолништа со шатори.

Локалните власти се загрижени поради можноста за пренатрупување нае мигрантите, велејќи дека нема да можат да се справат со нивните растечки побарувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top