По повод одбележувањето на православниот празник Успение на пресвета Богородица, кај народот познат како Голема Богородица, во истоимениот манастир во Матка, кај Скопје, во четврток на 27 август ќе биде одржана вечерна богослужба, Духовна академија и полноќно бдеење.
На денот на празникот 28 август, во утринските часови во манастирот ќе се одржи света божествена литургија.
Четврта година по ред еден ден пред празникот во манастирот се одржува Духовна академија. Предвидено е црковно пеење и читање псалми.
Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Традиционално во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Денеска е еден од најголемите празници: Се верува дека жените кои немаат деца, а се помолат, ќе добијат дете!
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа голем и тежок празник: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Денеска е голем празник на љубовта: Ако сакате да ја дознаете вашата сродна душа, пред спиење направете го ова…