| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја чува и штити својата граница од илегалните емигранти

policija-zica-migranti-4
Во Гевгелија денеска се видливи ефектите од присуството на припадниците на специјалните полициски сили за брзо распоредување и АРМ на границата со Грција со цел да се спречи неконтролираното влегување на емигрантите во Република Македонија. Македонската полиција распределена на границата со Грција го штити суверенитетот на државата. Тие, како што нагласува портпаролот на МВР, Иво Котевски, дејствуваат во согласност со одлуката, која беше донсесена вчера, кога беше прогласена кризна состојба на овој дел од земјата. Полицијата, посочува Котевски, ја чува и штити својата граница во соласност со донесените препораки.

Дел од медиумите јавија дека се употребува солзавец и се тепаат и малтретираат емигранти. ОД МВР тврдат дека не е употребен солзавец туку шок-бомба за да се сопре толпата мигранти што се обидела да го пробие полицискиот кордон.

За подоцна е најавено соопштение од МВР со повеќе информации за тоа што се случува на границата со Грција.

Вчера Армијата на Македонија беше распоредена на јужната граница со задача да го спречи напливот на нелегални еимигранти во Македонија и да им помогне на полицијата да го контролира целиот граничен појас, особено местата каде што нелегално во Македонија секојдневно влегуваат повеќе од илјада имигранти од Сирија, Авганистан, Ирак и од други земји.

Инаку, денеска улиците околу железничката и автобуската станица во Гевгелија речиси се празни, а емигрантите ги нема ниту во таканаречениот „Виолета парк“, кој до вчера беше целосно запоседнат од нив, ниту, пак, пред зградата и околните станбени објекти во близина на транспортниот центар.

Жителите од тој дел на Гевгелија велат дека од утрово, првпат од почетокот на бегалската криза, повторно можат непречено да излегуваат и влегуваат во своите домови.

На железничката станица во Гевгелија денека беа присутни стотина емигранти, кои некако успеале уште од синоќа да ја поминат границата и откако добија документи со специјален воз заминаа кон Табановце. Вработените велат дека таков мир немаат почувствувано многу одамна и дека сега ќе можат многу повеќе да се посветат на санирање на штетите што ги предизвикаа емигрантите.

Ситуацијата е нешто понапната на граничната линија каде што во должина од околу 400 метри е поставена ограда од жица. Емигрантите не се пропуштаат во Македонија. Тие се наоѓаат на грчка територија и според процените ги има три до четири илјади. Својот револт што не ги пропуштаат преку границата го изразуваат на начин што лежат на шините и го спречуваат одвивањето на железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top