| четврток, 6 декември 2018 |

Македонска убавица влегува во „Големиот брат“?

Подготовките за новата сезона на Големиот брат се во полн ек и се финализираат работите во куќата во која повеќе од 100 дена ќе биде нов дом за кандидатите од Македонија, Хрватска, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, објави телевизијата „Орбис“.

По шпекулациите дека Карло Бос ќе биде еден од македонските учесници на „Големиот брат“, сега најава и за една убавица.

1br.jpg500

Имено, веднаш по враќањето од Турција, каде што влезе во првите пет убавици на Интернационалниот избор за мис, Емилија Розман добила понуда да учествува во реалното шоу како претставник на Македонија. Дали ќе ја прифати, останува да дознаеме наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top