| четврток, 6 декември 2018 |

Поп-Лазарова: Во Македонија, традиционално, мајките сакаат да дојат

Си­те ал­ки во за­поч­ну­ва­ње и во одр­жу­ва­ње на про­це­сот на до­е­ње се важ­ни. Пр­во пер­и­о­дот пред по­ро­ду­ва­ње­то, по­тоа по­ро­ди­ли­ште­то, а по за­ми­ну­ва­ње­то до­ма се вклу­чу­ва­ат се­мејс­тво­то, ма­тич­ни­от пе­ди­ја­тар и па­тро­наж­на­та се­стра. Нај­че­сто отка­жу­ва­ње­то кај мај­ки­те се слу­чу­ва ра­но, во пр­ви­те не­де­ли по по­ро­ду­ва­ње­то и тоа е на­ви­сти­на кри­ти­чен пер­и­од, ве­ли д-р Поп-Ла­за­ро­ва

Ма­ке­до­ни­ја се прик­лу­чи на од­бе­ле­жу­ва­ње­то на Свет­ска­та не­де­ла на до­е­ње­то, ко­ја се одр­жу­ва­ше од 1 до 7 август. За важ­но­ста на до­е­ње­то, за при­до­би­вки­те од мај­чи­но­то мле­ко, но и за до­е­ње­то по за­вр­шу­ва­ње на по­ро­дил­но­то отсус­тво на мај­ка­та, раз­го­ва­рав­ме со при­ма­ри­ус д-р Ма­ри­на Поп-Ла­за­ро­ва, спе­ци­ја­лист пе­ди­ја­тар во пр­ва­та при­ват­на бол­ни­ца „Ре­ме­ди­ка“.

 

Да­ли за­вр­шу­ва­ње­то на по­ро­дил­но­то отсус­тво на мај­ка­та и поч­ну­ва­ње­то со ра­бо­та тре­ба да зна­чи и крај на до­е­ње­то?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: Ма­ке­до­ни­ја ја од­бе­ле­жа Свет­ска­та не­де­ла на до­е­ње­то, ко­ја оваа го­ди­на се ор­га­ни­зи­ра­ше под мо­то­то „До­е­ње и ра­бо­та, да го на­пра­ви­ме тоа ре­ал­ност”. Цел­та на кам­па­ња­та во ко­ја се вклу­чи­ја Здру­же­ни­е­то на пе­ди­ја­три, Здру­же­ни­е­то на не­о­на­то­ло­зи, Здрав­стве­ни­от дом – Скоп­је, Кли­ни­ка­та за ги­не­ко­ло­ги­ја и аку­шерс­тво, три­те при­ват­ни по­ро­ди­ли­шта „Ре­ме­ди­ка“, „Аџи­ба­дем Си­сти­на“ и „Плод­ност“, е мај­ки­те кои се вра­ќа­ат на ра­бо­та да про­дол­жат да до­јат. Ор­га­ни­за­то­ри се нев­ла­ди­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „Ма­дро­на“, „Би-мек“ и „Скоп­је си­ти мол“. За таа цел беа под­го­тве­ни не­кол­ку ко­рис­ни пре­да­ва­ња, кои се одр­жу­ваа од стра­на на ре­ле­вант­ни струч­ни ли­ца (ги­не­ко­ло­зи, пе­ди­ја­три не­о­на­то­ло­зи, пси­хо­ло­зи, ну­три­ци­о­ни­сти), а беа вклу­че­ни и ме­ди­цин­ски се­стри кои да­ваа пра­ктич­ни со­ве­ти за одр­жу­ва­ње на ла­кта­ци­ја­та. Од­де­лу­ва­ње­то на мај­ка­та-до­ил­ка од сво­е­то де­те е при­лич­но стрес­на си­ту­а­ци­ја и за­тоа на­ви­сти­на им тре­ба под­др­шка, ка­ко од струч­ни ме­ди­цин­ски ли­ца, та­ка и од се­мејс­тво­то, а се­ка­ко и од ра­бо­то­да­ва­чот.

 

Ка­ко оп­штес­тво­то и ра­бо­то­да­ва­чи­те мо­жат да им по­мог­нат на мај­ки­те што до­јат во мо­мен­ти­те ко­га ќе поч­нат по­втор­но да одат на ра­бо­та?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: Мај­ка­та тре­ба да го дои сво­е­то де­те пред да оди и по вра­ќа­ње од ра­бо­та, а во те­кот на ра­бот­но­то вре­ме е по­жел­но да има па­у­за за до­е­ње (нај­до­бро во по­себ­на про­сто­ри­ја за таа на­ме­на, во се­ко­ја ин­сти­ту­ци­ја­та) или да се из­мол­зе и да го скла­ди­ра сво­е­то мле­ко во до­ста­пен фри­жи­дер. Оваа пра­кти­ка на­ши­ро­ко се при­ме­ну­ва во раз­ви­е­ни­те зем­ји, но мо­ра да се на­по­ме­не де­ка та­му по­ро­дил­но­то отсус­тво е по­кра­тко откол­ку што ние го има­ме во на­ша­та ле­гис­ла­ти­ва и пра­кти­ка, што е го­ле­ма ко­рист за овие мај­ки, а се­ка­ко и за де­ца­та.

 

Што ве­лат по­да­то­ци­те, да­ли во Ма­ке­до­ни­ја но­во­ро­ден­чи­ња­та се до­јат тра­ди­ци­о­нал­но, а тоа зна­чи екск­лу­зив­но во пр­ви­те шест ме­се­ци, а по­тоа до­е­ње­то се ком­би­ни­ра со дру­ги теч­но­сти (во­да, чај) или пак мај­ки­те по­че­сто по­сег­ну­ва­ат по ве­штач­ко­то мле­ко?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: Ка­ко пе­ди­ја­тар кој по­ве­ќе од 30 го­ди­ни ра­бо­ти со но­во­ро­де­ни де­ца и со мај­ки, мо­рам да наг­ла­сам де­ка во Ма­ке­до­ни­ја, тра­ди­ци­о­нал­но, мај­ки­те са­ка­ат да до­јат. Тоа на­ви­сти­на е за по­фал­ба, тој тренд го има и се­га кај мла­ди­те мај­ки. Но, факт е де­ка мај­ки­те тре­ба да се под­го­тву­ва­ат за до­е­ње­то, поч­ну­вај­ќи од бре­ме­но­ста – во кон­такт со својот ги­не­ко­лог и со па­тро­наж­на­та се­стра, а по­тоа и по по­ро­ду­ва­ње­то, со ме­ди­цин­ски­от пер­со­нал во по­ро­ди­ли­ште­то, ка­де што поч­ну­ва и пра­ктич­но­то до­е­ње. Мо­рам да на­по­ме­нам де­ка до­е­ње­то е но­ва ве­шти­на со ко­ја тре­ба да се стек­нат и мај­ка­та и но­во­ро­де­но­то де­те кое во те­кот на бре­ме­но­ста се хра­не­ло па­сив­но, пре­ку по­стел­ка­та. Се­ко­ја двој­ка мај­ка-де­те има ин­ди­ви­ду­ал­на адап­та­ци­ја, со сво­ја спе­ци­фич­ност, и ток­му за­тоа е ва­жен пре­сто­јот во по­ро­ди­ли­ште­то, ка­де што со струч­на по­мош, кол­ку што е мож­но по­брзо по по­ро­ду­ва­ње­то, треба да се пот­тик­не до­е­ње­то.

 

Кол­ку љу­бов, тр­пе­ние, жел­ба е по­треб­но да се вло­жи во пр­ви­те мо­мен­ти на по­че­то­кот на до­е­ње­то, за да не се при­бег­ну­ва кон ве­штач­ко­то мле­ко, зна­еј­ќи ги си­те при­до­би­вки на мај­чи­но­то мле­ко?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: На­ви­сти­на мно­гу! И од стра­на на мај­ки­те, но и од стра­на на ме­ди­цин­ски­от пер­со­нал. Мо­ти­ва­ци­ја­та за до­е­ње кај мај­ки­те тре­ба се да одр­жу­ва со над­ми­ну­ва­ње на си­те проб­ле­ми, кои не­ре­тко мо­жат да се ја­ват при по­че­то­кот на до­е­ње­то, но и по­тоа. Ту­ка, пред сѐ, би спо­ме­на­ла одре­де­ни об­је­ктив­ни со­стој­би кај де­те­то, не­до­но­се­ност, по­сто­е­ње на по­ин­тен­зив­на жол­ти­ца, ос­ла­бен реф­лекс за ци­ца­ње по­ра­ди дру­ги па­то­ло­шки со­со­тој­би кај де­ца­та, со­стој­би ка­де што но­во­ро­де­ни­те де­ца тре­ба да се тре­ти­ра­ат на ин­тен­зив­на или на спе­ци­јал­на не­га. Во овие слу­чаи пре­по­ра­чу­ва­ме из­мол­зу­ва­ње на мај­ки­те, ток­му по­ра­ди при­до­би­вки­те од мај­чи­но­то мле­ко ка­ко иде­ал­на хра­на за се­кое но­во­ро­де­но де­те, а осо­бе­но за овие ри­зич­ни но­во­ро­де­ни. Се раз­би­ра де­ка из­мол­зу­ва­ње­то тре­ба да се вр­ши во спе­ци­јал­ни про­сто­рии, со­од­вет­но опре­ме­ни и под стру­чен над­зор, сѐ со цел да не дој­де до кон­та­ми­на­ци­ја. Во одре­де­ни слу­чаи, осо­бе­но на по­че­то­кот на ла­кта­ци­ја­та, мај­ки­те има­ат проб­ле­ми со гра­ди­те, за­стој на мле­ко, раз­ра­не­ти и бол­ни бра­да­ви­ци и слич­ни си­ту­а­ции во кои до­е­ње­то на­ви­сти­на е непри­јат­но искус­тво. Со пра­ктич­ни со­ве­ти, со ко­ри­сте­ње на до­пол­ни­тел­на опре­ма (ве­штач­ки си­ли­кон­ски бра­да­ви­ци, пум­пи за из­мол­зу­ва­ње, об­ло­ги за заз­дра­ву­ва­ње) и со по­ду­чу­ва­ње за пра­вил­но местење и до­бар кон­такт ме­ѓу гра­да­та и де­те­то, овие проб­ле­ми мо­жат да се ре­шат и да се над­ми­нат. Си­те овие со­стој­би ба­ра­ат струч­ност, по­све­те­ност и на­ви­сти­на го­ле­ма тр­пе­ли­вост од це­ли­от ме­ди­цин­ски пер­со­нал, а и од са­ми­те мај­ки. Ве­штач­ко­то мле­ко во ос­но­вата е крав­јо адап­ти­ра­но мле­ко и тоа се пре­по­ра­чу­ва и се из­би­ра ка­ко крај­на ал­тер­на­ти­ва са­мо то­гаш ко­га про­це­сот на до­е­ње или на из­мол­зу­ва­ње на мај­чи­но мле­ко од која било причина не е воз­мо­жен.

 

dr-Pop-Lazarova-int154-2

 

Ка­ко од тра­ди­ци­о­нал­на зем­ја во ко­ја до­е­ње­то се по­драз­би­ра­ше и бе­ше при­род­на по­ја­ва, ста­нав­ме зем­ја во ко­ја од­но­во мо­ра да учи­ме де­ка до­е­ње­то, по­себ­но во пр­ви­те шест ме­се­ци од жи­во­тот на но­во­ро­ден­че­то, е нај­до­бро за рас­тот и за раз­во­јот на де­ца­та?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: Ка­ко што ве­ќе на­по­ме­нав, има­ме рас­че­кор не­ка­де ме­ѓу жел­ба­та и ре­ал­но­ста. Си­те ал­ки во за­поч­ну­ва­ње и во одр­жу­ва­ње на про­це­сот на до­е­ње се важ­ни. Пр­во пер­и­о­дот пред по­ро­ду­ва­ње­то, по­тоа по­ро­ди­ли­ште­то, а по за­ми­ну­ва­ње­то до­ма се вклу­чу­ва­ат се­мејс­тво­то, ма­тич­ни­от пе­ди­ја­тар и па­тро­наж­на­та се­стра. Нај­че­сто отка­жу­ва­ње­то кај мај­ки­те се слу­чу­ва ра­но, во пр­ви­те не­де­ли по по­ро­ду­ва­ње­то и тоа е на­ви­сти­на кри­ти­чен пер­и­од, ко­га тре­ба си­те што ги спо­ме­нав прет­ход­но, се­кој на свој на­чин да ѝ да­дат под­др­шка. Ве­ру­вај­те де­ка и мај­ки­те и де­ца­та кои ќе го над­ми­нат овој пер­и­од на прис­по­со­бу­ва­ње, по­на­та­му ре­тко има­ат проб­ле­ми со до­е­ње­то. Да на­по­ме­нам де­ка до­е­ње­то се пре­по­ра­чу­ва да трае ка­ко екск­лу­зив­но (са­мо до­е­ње) од че­ти­ри до шест ме­се­ци, пер­и­од ко­га по­сте­пе­но се поч­ну­ва со во­ве­ду­ва­ње и на дру­га нем­леч­на хра­на.

 

До ко­ја во­зраст е нај­до­бо­ро да се дои? Ка­ков е ва­ши­от став за про­дол­же­но­то до­е­ње и по две­го­диш­на во­зраст?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: До­е­ње­то во­о­би­ча­е­но трае до кра­јот на пр­ва­та го­ди­на, иа­ко во одре­де­ни окол­но­сти, спо­ред жел­ба­та на мај­ка­та или на де­те­то мо­же да трае и по­дол­го. Ова е пер­и­од ко­га де­те­то е ве­ќе адап­ти­ра­но кон оп­шта ис­хра­на. Ден­ти­ци­ја­та кај де­ца­та се раз­ви­ва во пер­и­о­дот по ше­сти­от ме­сец, ко­га поч­ну­ва­ат да ја џва­ка­ат и да ја осоз­на­ва­ат дру­га­та хра­на и дру­ги­те вку­со­ви, освен мај­чи­но­то мле­ко. Пре­ки­ну­ва­ње­то е за­ед­нич­ка од­лу­ка на мај­ка­та и на де­те­то и мо­ра да се од­не­су­ва на се­кој пар ин­ди­ви­ду­ал­но. Во не­кои слу­чаи де­ца­та са­ми, по еден одре­ден пер­и­од на на­ма­ле­ни по­дои, про­сто не са­ка­ат ве­ќе да ци­ца­ат, но во дру­ги слу­чаи има де­ца кои те­шко при­фа­ќа­ат но­ва хра­на и про­сто се „вљу­бе­ни” во мај­чи­но­то мле­ко. Зна­чи, се­ко­гаш тре­ба да се има ин­ди­ви­ду­а­лен при­стап и да се зе­мат пред­вид си­те окол­но­сти под кои би пре­ста­на­ло до­е­ње­то, би­деј­ќи и тоа е про­цес за кој тре­ба да би­дат под­го­тве­ни и мај­ка­та и де­те­то.

 

Кои се ва­ши­те пре­по­ра­ки за отка­жу­ва­ње од до­е­ње, по­себ­но во ле­то? Да­ли е воз­мож­но де­ца­та да се од­би­јат од до­е­ње во лет­ни­те ме­се­ци или тре­ба да се по­че­ка­ат не­кои по­сту­де­ни де­но­ви?

ПОП-ЛА­ЗА­РО­ВА: Ка­ко што ве­ќе на­по­ме­нав, од­би­ва­ње­то е про­цес, а ле­то­то не е иде­ал­но вре­ме да се пре­ки­не со до­е­ње­то. Мај­чи­но­то мле­ко со­др­жи око­лу 90 от­сто во­да и со тоа до­е­ни­те де­ца вне­су­ва­ат до­вол­на ко­ли­чи­на теч­но­сти, не де­хи­дри­ра­ат во лет­ни­от пер­и­од. Мај­ки­те исто та­ка тре­ба да пи­јат мно­гу теч­но­сти за да ја одр­жу­ва­ат ла­кта­ци­ја­та во лет­ни­от пер­и­од ко­га има­ме ви­со­ка над­во­реш­на тем­пе­ра­ту­ра. Исто та­ка, мај­чи­но­то мле­ко, со сво­и­те ан­ти­ин­фе­ктив­ни иму­но­ло­шки со­стој­ки ги за­шти­ту­ва до­е­ни­те де­ца од број­ни ви­рус­ни и ба­кте­ри­ски црев­ни ин­фек­ции кои се осо­бе­но че­сти во лет­ни­те ме­се­ци. Тоа е уште ед­на мно­гу го­ле­ма при­чи­на што до­е­ње­то, се­пак, тре­ба да про­дол­жи во лет­ни­от пер­и­од, ду­ри и ако се ре­а­ли­зи­ра­ат са­мо еден до два по­дои на ден.

 

Разговараше: Александра М. Бундалевска
| Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 154. број на неделникот „Република“, 14.08.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top