
Предлогот Македонија да стане една изборна единица е само преоден чекор кон конечната „фер распределба“ на пратеничките мандати која СДСМ ќе ја предложи за изборите во 2020 година.
Очекуваниот пораз во април Заев сака да го пречека со Македонија како една изборна единица за да може без многу работа и гњавење на победничката опција на ВМРО-ДПМНЕ да и’ скине неколку пратенички места само поради изборниот модел за кој се залага СДСМ.
Со надеж дека поблаг пораз од очекуваната катастрофа ќе го задржи на чело на партијата, Заев веќе се подготвува за изборите во 2020-та година на кои СДСМ повторно ќе настапи без програма, но со идеја за најнов револуционерен изборен модел кој без да мрднат со прст би го намалил бројот на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во собранието, што е и нивна единствена партиска платформа.
„Сметаме дека во 2020-та година веќе ќе сме зрели за најдеморкатските избори во историјата на човештвото на кои за прв пат во историјата на планетата токму ние ќе покажеме толку висока демократска свест што сите партии ќе добијат подеднаков број на места во парламентот, бидејќи сите луѓе заслужуваат нивниот глас да биде чуен“, велат извори од Центарот за генијални идеи во СДСМ.
„Без разлика на бројот на партии кои ќе се пријават на изборите, сите треба да добијат барем по едно пратеничко место, така е најфер јас мислам“, изјави анонимен генијалец од СДСМ.
„Со оваа мерка се разбира дека губат големите партии, ама сега тоа е, за Македонија се арчиме“, додаде тој.
На новинарско прашање што ќе се преземе ако се формираат повеќе партии од бројот на фотелји во парламентот, опозиционерите предложија доброволно да отсуствуваат од седниците за на нивните празни фотелји да може да седне вишокот на народни избраници.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


