
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави дека СДСМ ќе го поддржи концептот на една изборна единица со пропорционален модел, систем кој според неговите зборови „им штети на големите партии, но е добар за демократизацијата на Македонија“.
Искусни новинари во оваа изјава на Зоран Заев лесно насетија дека тој помирен со поразот на изборите во април 2016-та се труди да го ублажи поразот, односно да предложи изборен модел кој на побендичката партија ВМРО-ДПМНЕ ќе и’ одземе 2-3 пратенички места според пропорционалната распределба и ќе ги „претопи“ гласовите на дијаспората во „домашните“ иако економската логика инсистира на поинаков однос кон нашинците надвор од Македонија.
Наши извори од врвот на СДСМ го негираа ова тврдејќи дека господинот Заев не ја знаел толку детално математиката, но дека тој е подготвен за доброто на Македонија да се откаже од 2-3 победнички места бидејќи според него „СДСМ сигурно ќе победи на изборите во април“.
Со исти изјави се јавија и лидерите на ДОМ, Демократски Сојуз, Позитивна Алијанса, Негативна Алијанса (Фракција на Позитивна Алијанса формирана после минатите избори) и Партијата на Леви Сметала кои исто така се согласни со лидерот Заев околу изборната логика, освен дека СДСМ ќе победи на изборите во април. Првите луѓе на овие партии најавија сигурна победа на априлските избори на своите политички опции, освен лидерот на Негативна Алијанса кој изјави дека сите ќе умреме и дека џабе ќе гласаме.
„Ние, како презагрижени граѓани за демократската иднина на Македонија сме за преиначување на изборниот модел со што Македонија ќе стане една изборна единица иако големите партии како што се нашите ќе изгубат по некое место. Ако, нема везе, нека ги земе ВМРО тие места како мала партија која нема шанса за победа, да се порадуваат и тие малку“, се вели во заедничката изјава на лидерите на поголемите партии во Македонија, ДОМ, Демократски Сојуз, Позитивна Алијанса и другите доброчудни партии кои на сопствена штета но за доброто на земјата предлагаат концепт со кој ќе губат пратенички места.
Доколку по некое чудо предлагачите на ваквите промени, како на пример Позитивна Алијанса, не победат на изборите во април (што е скоро невозможно кога е во прашање Позитивната Алијанса заедно со нејзиниот брат по логика Зоран Заев) како утешна награда ќе го добијат признанието за „Најзагрижени за демократска Македонија“ кое за прв пат ќе се додели после изборите догодина.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


