Минатиот месец јули е најтоплиот месец досега на планетата Земја, со тоа што најтопло било во Европа и на Блискиот Исток.
Американските метеоролози објавија дека просечната температура во јули на глобално ниво изнесувала 16,6 Целзиусови степени, што е за 1,7 степен повеќе од тоа што е регистрирани последен пат во 1998 година. Најжешки делови во светот во јули биле Европа и Блискиот Исток, пренесува Анадолија.
Според резултатите температурата регистрирана од првиот до седмиот месец годинава, исто така, е над повеќедеценискиот рекорд. Просечната температура на глобално ниво во овие месеци изнесувала 14,7 Целзиусови степени, што е за 1,53 степени над просекот регистриран во 20 век.
Температурата на водите во океаните, исто така, бележи пораст од 1,35 Целзиусов степен во јули во однос на температурата во истиот период регистрирана минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.