На престојниот Самит на земјите од Западен Балкан, што ќе се одржи на 27 август во Виена, како продолжение на процесот од Берлин инициран од германската канцеларка Ангела Меркел, ќе се случи и еден несекојдневен настан.
Според албанските медиуми, станува збор за фудбалскиот натпревар меѓу лидерите од западен Балкан, односно меѓу екипите на „Идната ЕУ“ и „ЕУ“.
Во екипата на „Идната ЕУ“ се српскиот премиер Алекдандар Вучиќ, неговиот албански колега Еди Рама, шефот на косовската дипломатија и вице премиер Хашим Тачи, министерите за надворешни работи на Македонија, Никола Поповски, на Црна Гора, Игор Лукшиќ, на БиХ, Црнадак, на Албанија Бушати, албанскиот министер за економија Арбен Ахметај и секретарот на процесот за соработка во ргионот Горан Свилановиќ.
Косовскиот премиер Иса Мустафа нема да им се придужи на српскиот и на албанскиот премиер.
Судија на фудбалскиот натпревар ќе биде еврокомесарот Јоханес Хан. Во екипата на „ЕУ“ меѓу другите ќе бидат словенечкиот премиер Миро Церар и австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст