Во Буџетот има доволно средства за зголемување на пензиите. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески изјави дека пензионерите за пет проценти ќе добијат повисока пензија во септември кога ќе биде исплатена во октомври. Зголемувањето на пензиите ќе биде линеарно, односно секој пензионер ќе добие по 630 денари.
– За зголемување на пензиите уште кога го правевме буџетот за 2015 година ставивме доволно средства. Секогаш така работиме, пред да им ветиме на пензионерите или која било друга група граѓани, проверуваме, анализираме, правиме пресметки дали имаме сила тоа да го направиме и како. Така што, сега со ребаланот само се потврдува дека можно е тоа да се направи, односно септемвриската пензија што ќе биде исплатена во октомври, пензионерите ќе ја добијат со зголемување од 5 проценти, вели Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст