| четврток, 6 декември 2018 |

Картер: Турција да ја засили борбата против Исламска држава

Evacuate operation by Turkish army in Syria

Американскиот министер за одбрана Аштон Картер оцени дека Турција мора во целост да ја преземе својата улога во американската воздушна кампања врз групата Исламска држава и да ја подобри контролирата врз својата граница со Сирија.

-Земјата, која неодамна се приклучи кон коалицијата во борбата со ултрарадикалната џихадистичка група, треба да им ги отстапи своите авиони на воената структура што ги координира нападите позната како „air tasking order“ или АТО, рече Картер.

„Треба да се приклучи кон АТО и повеќе да работи на контролата на својата граница. Тоа јасно го кажавме“, рече Картер пред новинарите

Турските лидери „самите кажаа дека тоа мора да се направи“, додаде тој.

– Со тоа се доцни бидејќи кампањата почна пред една година, но тие сега вложуваат големи напори, истакна тој.

Турција минатиот месец отиде чекор понатаму во борбата со ИД дозволувајќи им на американските авиони да ја користат нејзината база Инџирлик за бомбардирање на позициите на ова агрупа во Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top