Бојан Б. (24), Јани Д. (18) и Стефан Н. (22) се трите момчиња од Штип, кои загинаа доцна синоќа во тешка сообраќајна несреќа. Тие се враќале од Скопје со автомобил „фолксваген поло“. Возилото се превртело на 200 метри пред наплатната рампа „Петровец“ од автопатот Скопје – Велес. Според полицијата со автомобилот управувал Стефан.
Увидот на полицијата и на истражниот судија траел до раните утрински часови. Денеска се очекуваат подетални официјални информации од полицијата.
Според неофицијални информации, тие биле на свадба кај нивна сограѓанка, Маринела Тушева, пратеничката во македонското собрание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Најмалку 50 лица загинаа во пожарите во Калифорнија
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил


