Меѓународната хуманитарна организација Доктори без граници соопшти денеска дека спасила 11.456 бегалци од Средоземното Море од почетокот на мај.
Оваа организација, која управува со трите спасувачки бродови покрај брегот на Либија ја повика исто така Европската унија да го зајакне финансирањето на Грција и Италија, за да им се помогне на тие две држави да се изборат со приливот на бегалци.
Директорот за операциите во Средоземното Море Пола Фаријас изјави дека бегалците во овие две држави често пати се сместени во ужасни услови.
Оваа хуманитарна организација, позната по своите проекти во земјите погодени од војни, почна со спасувачките операции на 3 мај со брод, со кој управува заедно со една приватна организација од Малта, а кон спасувачките операции се приклучија уште два брода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.