Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе донесе наредба за ангажирање на АРМ на јужната и северната гранична линија и долж Коридорот 10, во најкраток можен рок, согласно предвидените процедури во Законот за управување со кризи и по прогласувањето на кризен регион, соопшти претседателскиот кабинет.
Наредбата на претседателот Иванов следува по неговата посета на јужната гранична линија на Република Македонија во јули, кога тој најави ангажирање на војската како помош на полицијата во справувањето со мигрантскиот бран и откако Владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница.
– Неопходно ќе биде на полицијата да ѝ се излезе во пресрет, бидејќи има потреба од дополнителни ангажмани, со оглед дека во овој дел станува збор за околу 50 километри гранична линија каде што претежно бегалците доаѓаат од Грција во Македонија. Јас како претседател и Владата мора да преземеме активности за ангажирање на армијата да ѝ помогне на полицијата во справување со овие предизвици. Армијата ќе биде ангажирана да го обезбеди овој дел од границата што го споменав од околу 50 километри на јужниот дел, но и да се обезбеди северниот дел кај „Табановце“. Исто така, треба да ѝ се помогне на полицијата во обезбедување на Коридорот 10 преку кој транзитираат сите бегалци, изјави претседателот Иванов кон средината на јули, за време на неговата посета на јужната гранична линија.
Иванов тогаш посочи дека кога станува збор за националната безбедност, Македонија како држава мора да ги преземеме сите мерки и активности кои би превенирале несакани дејствија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст