| четврток, 6 декември 2018 |

МВР и Армијата заедно ќе патролираат по границите за да го блокираат влезот на емигрантите

Migrants wait permission to cross in Macedonia on their way for the western Europe countries

фото: Ѓорги Личовски

 

Македонија прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница, а МВР и Армијата заедно ќе патролираат по границите и ќе се обидуваат да го блокираат влезот на емигрантите во земјава. Целта на оваа одлука, според  портпаролот на МВР Иво Котевски е практично да се се засили контролата на самата граница и на пограничниот појас, вели Котевски.

 Одлуката на Владата има за цел токму тоа да спречи какви било посериозни проблеми и закани по локалното население, односно по жителите што живеат во гевгелискиот регион и да спречи какви било дополнителни проблеми, но и да обезбеди посоодветен третман на лицата, илегални емигранти што влегле во Македонија и изразиле намера за азил.
Причини за одлуката на Владата е зголемениот притисок од мигрантите на јужната граница. Само за 24 часа МВР издаде 1.327 потврди, а за последните два месеци вкупно 41. 414 странски државјани изразиле намера за барање азил.
Оваа одлука ќе ја спроведува Главен штаб, кој ќе биде сочинет од АРМ и полиција. За трошоците допрва ќе се утврдува, бидејќи досега МВР како една од институциите со најбитни ингеренции за контролирање на границата се соочуваше со огромни месечни трошоци заради зголемениот ангажман на полицајци, возила, опрема итн, вели Котевски. Според проценките, додава тој, трошоците во изминатите месеци изнесуваат околу 800 илјади евра месечно, само за ангажманот на полицијата за обезбедување на јужната граница.

На македонско-грчката граница илјадници бегалци се наредени покрај граничниот појас и се обидуваат да влезат во Македонија. Фотографот на „Република“ е на терен. Вели во Гевгелија веќе неколку дена има специјалци, кои до денеска се грижеле само за јавниот ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top