| четврток, 6 декември 2018 |

Јужна Кореја ќе одговори жестоко при евентуална агресија од север

 Јужна Кореја се закани со „силен одговор“ при евентуална агресија од северниот сосед. Јужнокорејската претседателка Парк Гуен Хи изјави дека заканите на Пјонгјанг ги примила многу сериозно.

– Ако има какви било провокации кон Јужна Кореја и јужнокорејскиот народ, ќе следува силен одговор без било какви политички двоумења – изјави претседателката.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Република Кореја изработи план за „активна заштита“, со кој на вооружените сили се дозволува да нанесат брзи удари врз Северна Кореја ако бидат откриени знаци за неминовен нуклеарен напад врз Јужна Кореја.

Вчера американската авијација испрати авиони-ловци кон Јужна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top