| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанка пазарела со фалсификувани пари

denari

Дваесетгодишната охриѓанка Е.М. доби кривична пријава од СВР Охрид поради основано сомнение дека сторила четири кривични дела „фалсификување пари“.

Како што соопшти МВР, пријавената, во периодот од 28 април до 17 мај годинава, со цел да се стекне со противправна имотна корист, на подрачјето на Охрид пуштила во промет четири лажни банкноти од по 500 денари со ист сериски број. Иако знаела дека банкнотите се фалсификувани односно дека се лажни пари Е.М. две од банкнотите пуштила во промет во продавница во населбата Пештани, а по една во ноќен клуб и бурекџилница во Охрид и на тој начин, се стекнала со противправна имотна корист од 2.000 денари.

На 14 мај годинава околу 21,45 часот, пријавената од вработениот во продавницата во Пештани побарала двете банкноти од по 500 денари да и бидат заменети за една од 1.000 денари. Продавачот кој ја извршил услугата подоцна забележал дека двете банкноти имаат сомнителен квалитет и дека имаат ист сериски број.

Фалсификуваните пари се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top