| четврток, 6 декември 2018 |

Како брзо да ги избришете грижите

 стрес

Не грижете се за она врз кое немате контрола, ниту пак за она над кое имате – размислувајте, па делувајте.

Кога ќе размислите подобро ќе сфатите дека вие поголем дел од времето размислувате за некоја си иднина отколку за моментот во кој живеете.

Ова се неколку совети кои ќе ве ослободат од грижите за иднината и ќе ве сконцентрираат на сегашноста:

1. Понекогаш се правдаме дека имаме премногу грижи и затоа не се соочуваме со проблемите. Тоа е контрапродуктивно. Кога ќе сфатите дека се грижите за нешто што ве чека во иднина, размислете од што бегате во сегашноста, од некоја обврска?

2. Ако и понатаму не можете да ја тргнете таа грижа од мислите, одредете си време во кое ќе се бавите со проблемот. Дајте си 10минути за грижи и секојдневно намалувајте ја таа минутажа.

3. Поставете си прашање дали некогаш дошло до промени како последица од вашите грижи? Запрашајте се: Ако се грижам моето дете да не се повреди, дали тоа ќе влијае да не се случи некоја незгода?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top