Грчкиот премиер Алекис Ципрас подготвува експресни парламентарни избори, кои може да се одржат на 13 или на 20 септември. Земјата оди кон нови избори, бидејќи се чини дека одлуката за нив веќе е донесена, пишува весникот „Етнос“.
Електронското издание „иЕфимерида“ пишува дека денеска е „денот Д“ за важната одлука да се свикааат предвремени избори, најверојатно на 20 септември. Во текстот се тврди дека „коцката е фрлена“ и оти е можно Ципрас уште денеска на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос да му ја предаде оставката на неговиот кабинет и да свика избори во септември. Не е исклучено и обраѓање на Ципрас кон нацијата во кое ќе ја објасни својата одлука.
Според „Етнос“, одлуката за предвремени избори е донесена по советување на кое станало јасно дека фракцијата Лева платформа нема да поддржи гласање за доверба на Владата, доколку премиерот го предложи тоа. Наводно, токму овој факт му бил основа на Ципрас да ја забрза изборната постапка.
На истиот состанок од членовите на кабинетот било побарано да одговорат дали е возможно, врз основа на роковите пропишани со законите, да бидат свикани предвремени избори на 13 септември. „Етнос“ тврди дека одговорот бил негативен и оти функционерите се воздржале да се изјаснат во писмена форма по ова прашање.
„Катимерини“ исто така пишуваше дека Ципрас се чини дека одлучил оти во Грција треба да се одржат предвремени избори, но се уште не донел одлука кога. Според весникот, Ципрас слуша совети од колеги во Владата кои препорачуваат изборите да се одржат во септември, како и од оние кои се за тоа предвремените избори да не се организираат пред октомври.
„Катимерини“ дознава дека една група советници му велат на премиерот да реагира брзо и да свика избори на 20 или најдоцна на 27 септември, за да може Владата да ја надмине внатрешната поделеност и несогласувања што се појавија во СИРИЗА.
Другата група го советува Ципрас да не смета на избори пред 11 октомври со што Владата ќе има шанса да го спроведе новиот договор за финансиска помош со кредиторите, да изгради доверба со нив, а можеби и да заврши првата проценка на приспособување на земјата кон програмата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст