Актерката Шенон Доерти (44), која се прослави со улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“ објави дека боледува од рак на дојка.
Но, освен животната, таа се одлучи да води и судска битка. Шенон го тужи својот поранешен менаџер затоа што се разболела.
Откако во март и бил дијагностициран агресивен облик на рак на дојка, Шенон поднесе тужба против Танер Мајнстајн, нејзиниот некогашен менаџер, кого го обвини дека не и уплаќал здравствено осигурување, поради што не отишла на време на лекар и болеста не била откриена во рана фаза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.