Група од 200 емигранти предизвикала прекин на железничкиот сообраќај на границата меѓу Австрија и Унгарија. Вчера биле откажани пет возови, додека 19 доцнеле со распоредот.
По информацијата дека група од 200 бегалци кои веројатно со воз стигнале од унгарското место Хегешхалом, се движат по пругата, австриската железница го сопре сообраќајот поради опасност. Полицијата на терен успеала да приведе 57 илегални емигранти кај местото Парндроф.
Поради случувањата на пругата, бил откажан и меѓународниот воз за Салцбург, како и четири регионални воза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)