Поранешниот тренер на Вардар Русинот Сергеј Андреев пред првиот бараж дуел за Лига на Европка меѓу Работнички и Рубин Казан изјави за „Еврофутбал“ за силината на македонскиот вицешампион.
Андреев кој првата сезона во Вардар ја загуби титулата во македонскиот шампионат токму од Работнички добро ги знае квалитетите на „романтичарите“ па со серија пофални зборови се осврнува на играта на македонскиот состав.
– Може да кажам дека ако Рубин игра на ист начин како и со Ростов на домашен терен кога загуби со 0-3, тогаш во Скопје нема да има никаква шанса. Ако од Ростов прими три гола, тогаш од Работнички ќе прими шест – вели Андреев и дополнува анализирајќи ја играта на Работнички.
– Имаат навистина сериозен пристап во играта. Тимот речиси секогаш иигра со три напаѓачи, а потоа се повлекува, го менува системот на игра и успешно се брани. Има едно црномуресто момче Чума Анене кој е одличен играч, и како што знам, пред еден месец требаше да потпише за Амкар. Капитенот Баже Илијоски исто така е квалитетен играч, па добро е што нема да игра на првата средба – вели Андреев за „Еврофутбал“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.