| четврток, 6 декември 2018 |

Казнета фирмата која оценила дека Сноуден може да работи за ЦИА

16snowden-cia3Најголемата американска приватна компанија за проверка на кандидатите за работа во државните институции – „УС инвестигејшн сервисис“, на американските власти ќе им исплати обештетување од 30 милиони долари по тужбата за неквалитетна работа.

Министерството за правда во средата ја информира јавноста дека од минатата година ја суди фирмата бидејќи „УС  инвестигејшн сервисис“ недоволно внимателно ги проучила биографиите и другите податоци на лицата кои барале работа во државните институции во периодот од март 2008 до септември 2012 година.

Компанијата, која работи според договор со Владата на САД, од 1996 година земала просечно по 2.500 долари за проучување на секој кандидат за државна работа. Според министерството, фирмата, меѓутоа, користела компјутерска програма што само имитирала квалитетни проверки.

„УС инвестигејшн сервисис“ стана позната бидејќи го проучила и досието на Едвард Сноуден, пред тој да почне со работа во ЦИА, а, исто така, и резервистот од американските военопоморски сили, Арон Алексис, кој во  2013 година уби 13 лица во американската воена база Нејви Јард во Вашингтон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top