Голем пожар избил во Музејот на наука и на индустрија во центарот на Париз, најголем европски музиј посветен на науката. Пожарникарите се обидуваат да го стават под контрола, а две лица се повредени.
Пожарот избил околу три часот утрово и брзо се проширил на 10.000 квадратни километри. На местото пристигнале околу 30 противпожарни возила и 120 пожарникари. Двајца пожарникари се повредени за време на гасењето на пожарот.
Огнот избил во делот од музејот што се реновирал. Причината сè уште е непозната. Фигаро пишува дека пожарот зафатил шест нивоа од зградата, а според некои информации зафатени се и изложбената и кино салата во музејот.
Музејот е лоциран во североисточниот дел на Париз во третиот по големина париски парк Ла Вилет и годишно прима по 5 милиони посетители.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст