| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 34 милиони денари за вработување на децата без родители

deca
Децата без родители една од најранливите категории на лица во фокусот на владините мерки за поддршка. Повеќе од 34 милиони денари сe издвоени за вработување на децата без родители.
За таа цел владата има изработено посебна програма за вработување токму на децата без родители, која е од огромна помош за оваа категорија граѓани. Мерките од оваа програма се насочени кон обезбедување на социјалната сигурност и решавањето на едно од најважните животни прашања заради што овие лица се задоволни од владината поддршка..

Досега преку програма за ваботување деца без родители, попозната како „де10“ се вработени 143 лица.

Сите тие се благодарни и им порачуваат на децата што се во домовите, а на кои им се ближи рок за осамостојување да бидат сигурни дека има кој мисли на нив.

Досега само за реализација на последниот оглас издвоени се 5 милиони и 250 илјади денари за вработувањата, а вкупно досега издвоени се над 34 милиони денари за реализација на 143 вработувања на деца без родители и родителска грижа.

Но не е само за мерките за вработување туку за оваа категорија на граѓани има и низа други мерки за поддршка.

За децата без родители овозможено е користењето правото на еднократна парична помош во насока на нивно осамностојување по нивното полнолетство и напуштање на установата во висина од 180 илјади денари што е зголемување за 900 проценти до претходните 20 илјади денари.

Исто така, кој од овие лица ќе се реши да се запише на факултет, дипломска или постдипломски студии добива по 24 илјади денари месечна парична помош.

Воведена е мерката за обука за компјутери и англиски а за решавање на станбеното прашање обезбедени се 134 социјални станови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top