Поранешната државна секретарка на САД и сопруга на некогашниот претседател Бил Клинтон со кој ја води богатата „Клинтон фондација“ нема намера да им плати ни еден долар на младите што сакаат да стажираат во нејзиниот предизборен штаб во Њујорк.
– Стажирање во главниот штаб во Њујорк: бесплатно кафе, преубав поглед и шанса да учествувате во создавање историја, гласи капмањата на „Твитер“ на Клинтонови.
„Њујорк пост“ наведува дека неплатеното стажирање им овозможува на младите да здобијат искуство, вештини и контакти со кои би дошле до платен ангажман или, пак, да сфатат дека таа работа не е за нив. Американскиот весник вели дека би било во ред во случај Клинтон да не зборувала сосема спротивно.
– Фирмите ги искористуваат стажистите на кои не им плаќаат до таа мерка што на тие млади луѓе им ги блокираат шансите да преминат на платена работа. Сѐ повеќе фирми треба своите такаранечени стажисти да ги префрлат со статус вработени – рече Хилари Клинтон во 2013 година во говорот на универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.
Покрај тоа, Хилари во кампањата се занимава со проблемите на младите во отплатата на школарината за факултет наведувајќи дека нејзиниот план вреден 350 милијарди долари опфаќа на студентите што сакаат да работат да им се плаќаат 10 часа неделно за да ја отплаќаат школарината. Очигледно, тоа нема да се случи ако работат за неа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.